Масажи - Studio Sense

Масажи

Масажа на грбот, телото, вратот, нозете,  рацете, лицето или на стомакот. Масажата не може да ги излечи сите болести, но

таа може да ја подобри општата состојба на организмот, да ги намали постоечките тегоби, вклучувајќи ги тука и хроничната болка како и емотивните пореметувања кои може да се јават како последица на болката. Масажата може да го забрза процесот на заздравување.

  • Релаксација на целото тело,
  • Ублажување на хроничната болка,
  • Подобрување на циркулацијата,
  • Елиминирање на отровите од телото,
  • Намалување на крвниот притисок,
  • Зголемување на имунитетот,
  • Подобрување на концентрацијата,
  • Подобар сон,
  • Намалување на стресот и нервната напнатост,
  • Забрзано заздравување после болест,
  • Затегање на кожата.

Масажа со ароматерапија

Масажата е она што на секое лице и тело му носи убавина, но и мир и чувство на исполнетост. Масажата е нераздвојна со ароматерапијата, бидејќи ароматичните масла ефикасно се применуваат токму со неа. Мирисите делуваат на емоциите и ги будат состојбите на смиреност,радост и удобност. И масажата и изборот на ароматичните масла се прилагодуваат на желбите на клиентот и на неговата моментална состојба. Се користат различни техники на масажа на телото кои  тежнеат кон воспоставување на рамнотежа на организмот како физичка така и и емоционална и ментална.

Антицелулитна масажа

Целулитот е вечен непријател на жените поради нерамната кожа на бутовите, задникот и нозете,стомакот и рацете. Сето тоа претставува голема причина за намалување на самодовербата кај повеќето жени. Причините за појавување  на целулитот може да се бараат во хормонските промени, стресот, лошите навики во исхраната и премалата телесна активност.

Рачната масажа е најдобар антицелулитен третман. Со оваој вид на масажа се поттикнува циркулацијата на крвта, се забрзува метаболизмот и се поттикнува елиминацијата на токсините во телото. При секоја рачна антицелулитна масажа се користи есенцијално масло, производ кој содржи антиоксиданси, супстанции кои не му даваат на нашето тело да старее и помагаат да се спротивстави на несаканиот целулит.