Педикир - Studio Sense

Педикир

Негуваните стапала претставуваат одраз на грижата за целото тело. Вашите стапала се постојано изложени на туѓите погледи посебно во летните месеци.

Затоа пред да се прошетате со новите сандали обрнете внимание на нивниот изглед. Вашите нозе морат да изгледаат беспрекорно. Покрај основната домашна нега, на вашите стапала потребно е да им пружите дополнителна, релаксирачка и пријатна стручна нега. Педикирот направен во нашиот салон е доживувавње за вас и вашето тело и благотворно делува на вашите стапала.

Негувањето на Вашите стапала кои напорно работат и секојдневно се изложени на надворешни влијанија е една од најважните козметички дисциплини. Педикирот е спа третман без кој никој не би требало да остане. Освен што едноставно ви ги разубавуваат ноктите и стапалата, нашите козметичари со фантастичната линија за нега и со смирувачки и нежен допир ќе ја постигнат очекуваната цел. Нашето целосно мени на салонски услуги за педикир вклучува повеќе понуди. Затоа, ставете го педикирот на Вашата приоритетна  листа и за да го одржите тој прекрасен изглед, изберете од нашата фантастична линија на производи за грижа за стапалата и ноктите и во домашни услови, за негата да биде континуирана.