Слабеење - Studio Sense

Слабеење

Боди врапингот всушност претставува топење на вишокот на маснотии на поединични делови на телото. Се нанесува крема со алги, се завиткува со специјална фолија, при што телото се загрева и се поти.

На тој начин се исфрлаат отровите од организмот и се согоруваат 800 калории за 40 минути. Ние Ви препорачуваме пакет од 10 третмани  по супер поволна промотивна цена.

Преку процесот на Аква Детокс третманот се отстрануваат токсините од човековото тело. Тоа е процес на детоксификација кој се одвива преку порите на стапалата. На тој начин, директно и позитивно влијаат врз имунитетот, се зацврстува психичката стабилност, се намалува целулитот и се продолжува животот.

  • Го подмладуваат вашето тело и ги отстрануваат токсините од него
  • Аква Детокс Спа третманот го зајакнува имунолошкиот систем
  • Ги балансира позитивните и негативните јони во огранизмот
  • Го намалува целулитот
  • Помага во работата на бубрезите
  • Посебно се препорачува за луѓе кои имаат проблеми со бубрези, и лица кои се на дијализа
  • Со помош на детоксикацијата се враќа балансот на клетките, се намалува шеќерот во крвта, се стимулира имунолошкиот систем и се подобрува квалитетот на сонот.
  • Овој третман директно и позитивно се влијае врз имунитетот, се зацврстува психичката стабилност, се намалува целулитот и се продолжува животот.
  • Еден третман на детоксикација е еквивалентен на неколку посети во фитнес сала, но без непотребни напори и непријатна мускулна треска

Кавит стар

Принципот на делување на кавит стар, се фрекфентни ултразвучни бранови, фокусирани на точно одредена длабочина, каде се врши селективно  разбивање на подкожните масни ќелии, без оштетување на околното ткиво.
Со оваа постапка маснотиите се ослободуваат во облик на триглицериди во меѓуќелиска течност. Остатоците на разложените масни ќелии се елиминираат по пад на лимфниот систем.

Во зависност од потребите на клиентот се третира она подрачје кое е најзафатено со масни наслаги. На пример: абдомен, бутини, надлактици, и горен дел на коленото.

Третманот дава еднакви резултати како и естетски зафат, но без болка и анестезија. После третманот се прави лимфна дренажа, за да се разбијат масните ќелии и полесно да се исфрлат од организмот.

Радиофрекфенција

РФ. Динамик е високо технолошки апарат кој користи биполарна енергија, односно електрична термолиза која допринесува загревање на длабокиот слој од ткивото.

Со делувањето на апаратот се постигнува изедначено волуметрично загревање на ткивото. Целиот принцип на загревање делува на поттикнување, односно стимулирање на колагенот и еластинот во внатрешноста на кожата.

Колагенот е главен протеин на влезното ткиво и содржи 25% од вкупната маса.

Неговата функција завзема посебна намена на протеинот во телото. Цврст е , отпорен и жилав, има голема способност да се врати во првобитна положба. Главна состојка е на рскавицата, лигаментите и тетивите. Неговото разградување е слабо и недоволно обновување довевува до појавување на бори, опуштеност на кожата, целолитот и допринесува до предвремено стареење.

Поради сите овие бенефити ви го нудиме најидеалното решение, кое ке допринесе да изгледате вечно млади и негувани!