Депилација - Studio Sense

Депилација

Отстранувањето на непосакуваните влакненца е дел од женското секојдневие. Современите жени сакаат постојано да имаат мазно тело, а најдобриот начин да си го подарат тоа е преку депилацијата.

Сигурно уште од самата помисла на депилирање веќе ви се крева косата и единственото нешто што го помислувате е болка.

Но, тоа е најдобриот пат до нежна кожа. Квалитетниот восок со пријатен мирис, кој го користиме во нашето студио и хранливите креми ќе ја заштитат вашата кожа од црвенило и иритација. По депилацијата вашата кожа ќе биде сјајна и мека

Бикини депилација

Под бикини депилација се подразбира отстранување на влакната во линија со вашиот бикини костим за капење. Бикини зоната треба да изгледа средено не само ради будењето на фантазијата на вашиот партнер или само за да изгледате добро покрај базенот или на плажа туку и од естетски и хигиенски причини.

Бразилска депилација

Бразилската депилација значи целосно отстранување на влакненцата во интимната зона, од долниот дел на стомакот до опашката. Неретко се остава и тенка недепилирана вертикална лента над клиторисот, која се нарекува „landing strip“.

Овој тип на депилација за прв пат излегува од границите на Бразил благодарение на седум сестри, кои отвориле свој салон J Sisters International во Менхетен во 1987 година. Оттогаш популарноста на бразилската депилација само се зголемува.

Жените ја обожаваат поради тоа што се чувствуваат попривлечно, посексапилно, почисто, а мажите воопшто не се противат на мазниот изглед на женското тело.